Во домот на Н.Ј. (26) во Ѓорче Петров беа пронајдени и одземени една дигитална вага со остатоци од материја, една зипер кесичка со семки од растение, една полиетиленска кесичка со бела прашкаста материја, една тегла со бела грутчеста материја, мало шишенце со семки од растение, поголема црна кеса со растителна материја, како и полиетиленска кесичка со растителна материја. Исто така пронајдени и одземени се и парични средства – две банкноти во апоени од 2.000 денари, осум банкноти во апоени од 1.000 денари, 20 банкноти во апоени од 500 денари.
При претресот, таткото на лицето Н.Ј. доброволно предаде и четири куршуми, калибар и четири ловни со калибар од 12 мм.
Во домот на Д.Т. (26) во Волково, биле пронајдени и одземени: една тегла со растителна материја, зипер кесичка со растителна материја, полиетиленска кесичка со осум семки од растение, една дигитална вага, два грендери со материја, потоа три стебла од растение, како и две воздушни пушки со дрвен кундак и една кутија со дијаболи за воздушна пушка.
Двајцата се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.