Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени повеќе пакувања со бела грутчеста материја, марихуана, кафеава материја, 34 таблети и ловечки патрони, додека во дворот и на мотокултиватор со приколка е пронајдено нежигосано огревно дрво.
Мотокултиваторот и дрвата се одземени од Шумска полиција за понатамошна постапка, а лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.






