понеделник, 15 декември 2025

Дрога и куршуми најдени во Велес, приведени се две лица

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 20:40 часот ги лишиле од слобода С.К.(46) и М.Т.(44), двајцата од Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, тие биле забележани од полициски службеници во моментот кога М.Т. му продавал пакување со прашкаста материја на С.К.. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на М.Т., при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, пакување со грутчеста материја, три куршуми калибар 9мм, една дигитална вага и пари.

По документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ