четврток, 12 јуни 2025

Драма во Охрид, барал откуп за тројца киднапирани членови на едно семејство

А.Д. (33) од Охрид вчера бил приведен откако бил пријавен дека киднапирал тројца членови на семејството на Џ.Х.Д. (36) од кого побарал и примил пари во замена за нивно ослободување.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР-Охрид велат дека по упатства од Обвинителството, ќе поднесат соодветна пријава против 33-годишникот.

„На 18 мај година во 00,50 часот на булеварот ‘Туристичка’ во Охрид, полициски службеници од СВР-Охрид го лишија од слобода А.Д. (33) од Охрид, кој е осомничен дека сторил кривично дело грабнување по член 141 од Кривичниот законик. Според тоа, претходно бил пријавен во СВР-Охрид дека при телефонски разговор со Џ.Х.Д. (36) од Охрид, побарал и примил пари за ослободување на сопругата, малолетната ќерка и бабата на Џ.Х.Д. СВР-Охрид, по упатствата на јавниот обвинител, презема мерки за целосно расветлување на настанот, по што против А.Д. ќе биде поднесен соодветен извештај“, велат од СВР-Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ