вторник, 30 декември 2025

Дозволил синот да гласа додека таткото бил во болница – кривична пријава на претседател на ИО од Пласница

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод поднесе кривична пријава против Ш.Ф.(36) од с.Пласница, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на избирачкото право“.

Објавено на

часот

Сподели

На 18.10.2025, пријавениот во својство на претседател на избирачки одбор на гласачко место, за време на гласање во првиот круг од локалните избори на болните и изнемоштените лица, не ја запазил постапката за гласање во домашни услови и овозможил во име на болно лице да гласа неговиот син, и покрај тоа што болниот не бил дома, односно бил хоспитализиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ