Според пријавителката, причина за заканите бил фактот што при инспекција на Државниот просветен инспекторат било утврдено дека сопругата на З.Р., вработена во истото училиште, имала приложено фалсификувана диплома. Воедно, пријавителката посочила дека на 31.12.2025 пред нејзината куќа било запалено нејзиното патничко возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






