среда, 11 февруари 2026

Директор на ЈП во Делчево злоупотребил податоци на вработени

Полицијата од Делчево поднесе кривична пријава против С.С. (62) поради сомневање за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“.

Објавено на

часот

Сподели

Пријавениот, во својство на директор на Јавно – комунално претпријатие „Брегалница“ од Делчево, без нивно знаење и согласност, на шалтер во експозитура на банка во Делчево на 3 септември 2025 на две лица, вработени во претпријатието со лични средства извршил уплата на уплатници на износи од 15.374, односно 35.535 денари. На тој начин, тој нанел нематеријална штета на честа и угледот на двајцата вработени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ