
Осомничените А.Ш., Е.Ш., И.Ј., С.Р. и Ф.Р. во текот на 2019, 2020 и 2021 година откупувале, собирале и складирале секундарни суровини (отпад) и хаварисани возила на повеќе локации во Струмица, кои подоцна ги носеле и ги продавале на лиценцирани правни лица за откуп на секундарни суровини. Парите од изршената продажба правните лице ги уплаќале на сметки на осомничените Ѓ.Ш., С.Ш., М.Р. и С.Р., со што осомничените нелегално тргувале со отпад.






