четврток, 12 март 2026

Девет лица кои се изгубиле на Попова Шапка спасени од полицајци

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 10.30 часот, двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години во СВР Тетово пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат. Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од ‘Елем Турс‘ веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште 7 други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон. Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12.30 часот се безбедно вратени“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ