недела, 7 декември 2025

Девет лица уапсени во Скопје за дрога, меѓу нив и дете

Полициски службеници од СВР Скопје на 12 и 13 ноември 2025 година на различни локации во главниот град ги лишија од слобода девет лица, меѓу кои и еден малолетник, поради пронајдена дрога и други недозволени супстанци.

Објавено на

часот

Сподели

Уапсени се А.А.(40) од Турција, Т.М.(25) од с.Волково, Н.С.(30) од с.Р`жаничино, како и Б.А.(23), Б.С.(21), Д.А.(31), А.М.(38), Е.З.(39) и 17-годишник, сите од Скопје.

При претресите кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, шишиња со течност и марихуана. Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ