Акцијата била спроведена вчера кога полицајци влегле во објектот и на лице место затекнале вкупно 13 жени. Деветте странски државјанки – П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е. (34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В. (20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26) и П.М.М.М. (32) – биле приведени веднаш поради сомнеж за незаконска активност.
Колумбијките добиле парични казни, а Основниот суд Гостивар им изрекол и забрана за влез во Македонија во траење од една година.






