При контрола во возило хјундаи, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени седум лица мигранти од Египет.
„Откако бил забележан од полициските службеници тој се обидел да побегне, но набргу бил фатен и приведен во полициска станица, а мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар“, се појаснува во соопштението.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.