Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 мај околу 13:00 часот во СВР Скопје, Б.С. (38) од Скопје пријавила дека на 6 мај 2025 година, околу 17:50 часот, во населбата Ѓорче Петров нејзиниот син бил физички нападнат од друг малолетник, негов соученик. Дополнително, трето лице, исто така малолетно, го снимало нападот и потоа видеото било објавено на социјална мрежа.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, како и за утврдување на одговорноста на инволвираните лица.