среда, 24 декември 2025

Дете со скршеници и жена со повреди биле извадени од возилото во кое загина маж

Објавено на

часот

Сподели

„Возачот беше на околу 40 години, изваден со помош на противпожарната служба бидејќи по сообраќајката, беше приклештен во возилото. Беше неконтактибилен, во тешка општа состојба, со повеќе повреди по целото тело. Беше направена реанимација во кавадаречката болница, но, за жал, безуспешна“, рече докторот.

Сопатничката, на возраст околу 30 години, била повредена, но, во стабилна општа состојба, свесна и ориентирана во време и простор, без видливи скршеници.

Повредено било и дете на возраст од околу десет години, со скршеници на двете бутни коски и десна подлактица.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои синоќа беа учесници во сообраќајот после сообраќајката и се најдоа на лице место, многу помогнаа, одамна не сум сретнал толку хумани луѓе. Тие дадоа несебична поддршка и помогнаа многу на екипите на брзата помош и противпожарната служба“, нагласи Грков.

Вчера околу 17.55 часот на патот Прилеп-Градско пријавено е дека се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ со полуприколка и ПМВ „голф” управувано од Д. К. (1982) од Прилеп, кај кого во 19,30 часот е констатирана смрт.

Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ