вторник, 23 декември 2025

Дете се удави во базен во Дебарски бањи

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа околу 20 часот во одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Долно Косоврасти забележано е удавено лице. Од извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека по извршен медицински преглед не се констатирани траги на насилство, рече Димоски.

По насока на јавен обвинител телото на починатото лице било предадено на семејството.

Според директорот на Општата болница со проширена дејност, Баки Алили станува збор за осумгодишно девојче, кое во Ургентниот центар во болницата било донесено без знаци на живот.

Тим од лекари специјалисти се обиделе да го реанимираат но безуспешно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ