понеделник, 8 декември 2025

Дете нападнато со нож во Скопје

Дванаесетгодишно момче од Скопје заврши во болница по напад што се случил вчера попладне во центарот на градот. Според информациите пријавени во полиција, околу 15:50 часот, маж физички го нападнал малолетникот и со остар предмет му нанел расекотина, а потоа го оштетил и неговиот велосипед.

Објавено на

часот

Сподели

Повреденото дете било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите околности поврзани со нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ