Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против правно лице од Струга, управителот Т.Б.(44) и вработената В.Н.(54), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело точење алкохолни пијалаци на дете.
„Пријавените физички лица, без да побаараат документи за идентификација, во нивниот продажен објект, на малолетно лице од Тетово, му овозможиле да купи алкохолни пијалоци од чие конзумирање, подоцна кај него настанало труење по што, во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга. На тој начин пријавените постапиле спротивно на забраната за продажба на алхохолни пијалоци на малолетни лица“, изјави портпаролот Стефан Димоски.