Според информациите од полицијата, на 6 септември 2025 година полициски службеници извршиле преглед кај малолетникот. При контролата кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка и куршуми калибар 7,65 мм, кои тој ги поседувал и носел без соодветно овластување.
Случајот е документиран, а пријавата е проследена до надлежните институции за понатамошна постапка.






