понеделник, 2 март 2026

Дете без возачка управувало мерцедес во Струга

Малолетник без положен возачки испит бил затекнат ноќеска од полицијата како управува моторно возило во струшката населба „Теферич“. Со лицето бил извршен службен разговор, а возилото одземано, соопшти денеска СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, ноќеска во 1 часот и 15 минути, при контрола во патниот сообраќај извршена во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга од сообраќај исклучиле патничко возило мерцедес со струшки регистарски ознаки.

Полицијата, како што е наведено, утврдила дека возилото го управува малолетник кој нема положен возачки испит и сè уште нема стекнато право за управување моторно возило.

По насоки од јавен обвинител со малолетникот е извршен службен разговор, возилото било одземено и по целосно документирање на настанот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ