недела, 7 декември 2025

Детали за несреќата во Дреново, излетал од патот со тракторот кој го прегазил и починал

Од Секторот за внатрешни работи – Велес попладнево излегоа со детали за загинатиот тракторист на кавадаречкото подрачје.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во 09:00 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д., на возраст од 53 години од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот, појаснија од СВР – Велес.

Додаваат дека лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт.

Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР – Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, потенцираат од СВР – Велес.

Несреќата била на патот од градот Кавадарци, кон селото Дреново.

„Наша медицинска екипа замина на лице место веднаш по дојавата за несреќата. Но, за жал, можела само да констатира смрт кај едно машко лице од селото, родено 1971 година. Лицето починало веднаш, откако се превртел тракторот со кој управувало“, појасни Паракеов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ