понеделник, 8 декември 2025

Дејанчо Лазаревски од Струмица е убиениот македонски државјанин во Боливија

Обдукцијата извршена од надлежните органи во Боливија утврди дека трите тела пронајдени во зграда во главниот град Санта Круз биле убиени, едно лице со прострелна рана во главата, а другите две лица починале од повеќекратни повреди на главата. Познат е идентитетот на двајца од жртвите – Дејанчо Лазаревски (43) од Струмица и Милан Ѓекиќ (38) од Ниш. Третата убиена личност сè уште не е официјално идентификувана.

Објавено на

часот

Сподели

Од македонското Министерството за надворешни работи велатѕ дека преку македонската амбасада во Бразил се во контакт со амбасадата на Боливија во Бразилија.

Според првичните сомневања на боливиската полиција тројцата мажи биле вмешани во конфликт со локални нарко-картели, пресметка веројатно поврзана со транснационални нелегални активности.

Според истрагата, досега се приведени четири лица како осомничени за помагање и извршување на убиствата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ