вторник, 9 декември 2025

Деца тепале дете на трим патека во Кисела Вода

Четиринаесетгодишно момче било физички нападнато од повеќе малолетници на трим патека во Кисела Вода, Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата поднесена на 10 август во СВР Скопје од таткото на момчето, Д.Х. (54) од Скопје, инцидентот се случил претходната вечер околу 22:30 часот.

Малолетникот бил во друштво на својот брат и другарка кога по претходна расправија бил нападнат од група врсници кои ги познавал. Напаѓачите, според пријавата, носеле и метални предмети.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ