понеделник, 15 декември 2025

Деца предизвикале пожар во продавница во Боговиње

Вчера околу 17:50 часот, во Полициското одделение Камењане, Р.М. од село Боговиње пријавил пожар предизвикан пред неговата продавница, лоцирана на локалниот пат кој ги поврзува селата Боговиње и Селце кеч.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, две малолетни деца од селото запалиле картонски кутии, при што избувнал пожар кој предизвикал материјална штета. Пожарот бил забележан и изгаснат навремено од страна на случајни минувачи, со што е спречено негово понатамошно ширење.

Како резултат на пожарот, оштетена е покривната церада на објектот, испукало изложното стакло и бил оштетен компресорот од фрижидер. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово, и се преземаат мерки за понатамошно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ