понеделник, 8 декември 2025

Царинска управа: Maјка од Јужноафриканската Република се обидела да ја пренесе ќерка си во багажник

Објавено на

часот

Сподели

Вчера на влез во Македонија, на граничниот премин со Грција во Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23), соопшти Царинската управа.

За случајот е известена полициската станица на ГП Меџитлија и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ