недела, 14 декември 2025

Црногорската полиција трага по Македонец осомничен за обидот за убиство на член на црногрногорската мафија

Црногорската полиција е во потрага по 18-годишниот македонски државјанин Андреј Танасковски кој е осомничен за обид за убиство на 56 годишниот Марко Љубиша Кан од Будва, информираат црногорските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

„Полицијата во соработка со Високото државно обвинителство од Подгорица пронајде докази и го расветли обидот за убиство на Марко Љубиша Кан што се случи на 7 август годинава во комплексот хотели „Маестрал“ во Будва. Со преземање на оперативни и тактички мерки, како и со прибрани форензички докази полициските службеници за кратко време го идентификуваа извршителот на ова тешко кривично дело. Се работи за лицето А.Т., државјанин на Северна Македонија“, соопштила црногорската полиција.

Тој се сомничи дека испукал два проектили во правец на Кан, кој се здобил со повреди во делот на главата по што се дал во бегство во непознат правец.

Полицијата ги предупредува граѓаните дека секое свесно прикривање на информации за движењето или престојот на Танасковски, вклучително и давање на услуга за сместување може да претставува кривично дело – помош на сторител по извршено кривично дело што подлежи на законска одговорност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ