недела, 1 март 2026

Црн ден на патиштата: повеќе лица со тешки повреди во несреќи во Битола, Свети Николе и Скопско

Малолетен мотоциклист бил тешко повреден во Битола, а повредена е  и сопатничка на автопатот Скопје–Штип како и мотоциклист кој се повредил по судир со куче, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Три одвоени сообраќајни несреќи со тешко повредени лица се случиле во текот на вчерашниот ден во Битола, на автопатот Скопје–Штип и на локален пат во скопско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Првата несреќа била пријавена во 14:42 часот во СВР Битола, на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“. Во судирот учествувале товарно возило „мерцедес“, управувано од 42-годишен битолчанец, и мотоцикл „лонгиа“ управуван од 17-годишник од Битола. Во несреќата малолетниот мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Истото утро, во 7:15 часот, во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Скопје–Штип, во близина на Свети Николе, патничко возило „опел“ со вевчански регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Возилото го управувал 20-годишник од Вевчани. Во несреќата сопатничката, 44-годишна жена, се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот добил телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип, а увид извршила полицијата од ОВР Свети Николе.

Третата сообраќајна несреќа се случила околу 16:40 часот на локалниот пат меѓу селата Р’жаничино и Таор во Скопско. Според пријавата, 29-годишен мотоциклист од село Орешани, управувајќи мотоцикл „јамаха“, удрил во куче скитник, по што паднал на коловозот. Во несреќата се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека на сите три локации бил извршен увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случиле сообраќајните несреќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ