недела, 29 март 2026

Црн биланс на патиштата, повеќе тешко повредени во неколку сообраќајки низ Македонија

Повеќе лица се здобиле со тешки телесни повреди во неколку сообраќајни незгоди што се случиле вчера во Велес, Скопје и Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Во велешкото село Горно Оризари, рано наутро се судриле две патнички возила, при што 51-годишен возач се здобил со тешки повреди, а 29-годишна жена поминала со полесни повреди.

Во Скопје биле регистрирани две сериозни незгоди. На крстосница во градот, автомобил удрил во детски тротинет, при што тешко е повредено малолетно лице. Во друг случај, на булеварот „Јане Сандански“, возило удрило во 75-годишна жена, која исто така се здобила со тешки повреди.

Во тетовско, пак, автомобил удрил во 70-годишен пешак, по што возачот избегал од местото на несреќата. Повредениот пешак е пренесен во болница со сериозни повреди.

Полицијата извршила увид на сите локации и презема мерки за целосно расчистување на случаите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ