Според информациите од полицијата, пријавената во својство на претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство, во периодот од 1 февруари 2023 до 10 август 2024 година, не постапила согласно службените обврски.
Таа имала задача да ги известува останатите членови на комисијата за фазите од процесот на одгледување канабис во две фабрики лоцирани во селото Јосифово, општина Валандово.
Покрај тоа, била должна да организира и спроведе најмалку две контроли – од моментот на сеење до берба, како и да изврши увид при бербата со цел утврдување на бројот на собрани стебла и влажна маса.
Наместо тоа, Д.П. не ги запазила законските процедури и не ја спровела потребната контрола, со што, според полицијата, постапила несовесно во извршувањето на своите овластувања и должности.
Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното Јавно обвинителство за понатамошна постапка.