
„На 22.06.2021 година, четворицата жители на гостиварската населба Циглана, извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста, телесно повредувајќи две жени.
Откако една од жените дошла во дворот на еден од обвинетите за да го побара својот сопруг, обвинетиот 45-годишник ја нападнал, ја фатил за коса, ја турнал на земја и почнал да ја удира со клоци. Нему му се приклучиле и останатите тројца обвинети, на возраст од 31, 22 и 20 години, удирајќи ја оштетената по целото тело. Првиот обвинет зел и палка, па продолжил да ја удира. Во тој момент, кон оштетената тргнала уште една жена која сакала да ѝ помогне, но обвинетите ја турнале и таа паднала во бессознание“, соопштија од Јавното обвинителство.
Оттаму додаваат дека поголем број сведоци на настанот исто така се почувствувале загрозени и повикале полиција. Кога пристигнале, полициските службеници биле принудени да испукаат неколку проектили во воздух за да ги смират и оттргнат обвинетите. Двете жени во инцидентот се здобиле со телесни повреди.






