среда, 10 декември 2025

Четворица турски државјани со тешки телесни повреди, откако излетале со возило од пат

На 9 декември во 19 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Плачковица-Штип, кај с.Стар Караорман, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.Б.(24) од Република Турција, со престој во Штип, излетало надвор од коловозот.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците С.Б.(18), У.К.(24) и Ј.Б.Т.(27), сите од Турција, со престој во Штип, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ