недела, 7 декември 2025

Четворица струмичани украле 160 вреќи со компир од паркиран камион

Полицијата сомничи четири лица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи со компир, соопштија попладнево од СВР Струмица.

Објавено на

часот

Сподели

Во сопштението се наведува дека полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.А.(40), М.А.(34) и Р.Д.(31), сите од Струмица.

„Во просториите на СВР Струмица бил повикан и И.А.(38) од Струмица, кој исто така се сомничи дека заедно со Ј.А., М.А. и Р.Д. го сториле делото. Со сите лица се извршени службени разговори, истите го признале делото, по што од Ј.А. и М.А. биле одземени 160 вреќи со компир, кој ги одзеле при вршење на кражбата и истите се вратени на сопственикот“, се вели во полициското соопштение.

Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ