Во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга ги лишиле од слобода 19 godi[niot Л.Р. и неговиот 15-годишен, малолетен брат. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол десерт лорт калибар 9 мм и празна рамка за пиштолот. Оружјето било поседувано без дозвола, а малолетникот изјавил дека неговите родители не биле запознаени со предметите.
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го привеле Б.Б. При претрес во неговиот дом, исто така со судска наредба, била најдени и одземени 23 парчиња муниција со калибар 9 мм.
Во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го привеле Ш.Ф. При претрес во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана.
Од МВР информираат дека за сите случаи бил известен надлежен јавен обвинител, а по целосно документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.






