Според информацијата, запалениот автомобил го гаснеле четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
„Во моментот на пристигнување, пожарот беше во разгорена фаза. За кратко време е локализиран и ликвидиран“, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.
Причинета е значителна материјална штета, а причините за пожарот се испитуваат.