сабота, 21 март 2026

Четворица повредени во сообраќајка кај Ростуше

Вчера на регионалниот пат Маврово-Дебар, пред местото викано Ростушко Анче, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (45) од село Скудриње, Дебарско и патничко возило „фолксваген тигуан“ со словенечки регистарски ознаки, управувано од Т.З. (59) од Дебар.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „опел“ А.А., додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „тигуан“ Р.З., констатирани во Медицински центар во Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Дебар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ