„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција – СВР Скопје при Бирото за јавна безбедност викендов, постапувајќи по претходно изготвен план на БЈБ за контрола на угостителски објекти во Скопје, извршија контроли во 18 угостителски објекти. При тоа приведени се три лица, кај кои е пронајдена прашкаста материја и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по член 215 од КЗ.
Четири лица се приведени затоа што кај нив биле пронајдени ножеви и против нив ќе бидат поднесени пријави по член 80 од Законот за оружје. Ваквите контроли продолжуваат и во наредниот период“, соопшти МВР.






