Во Куманово, 32-годишен маж бил приведен поради долготрајно физичко малтретирање и закани кон неговата сопруга.
Во Тетово биле регистрирани два случаи, при што две жени пријавиле физичко и психичко насилство од нивните партнери. Осомничените се лишени од слобода и задржани во полициска станица.
Во Скопје, полицијата постапувала по неколку пријави, меѓу кои и случај на агресивно однесување кон партнерка и нејзината мајка, како и пријави за физички напади во семејна средина, вклучително и случај со малолетник на подрачјето на Шуто Оризари.
Во Кичево, 44-годишен маж бил лишен од слобода поради сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга во семејниот дом.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.






