Делото е откриено на граничен премин Блаце, при преглед на возило со швајцарски регистарски таблички. При претресот, царинските инспектори од мобилниот тим, забележале дека задните седишта се спуштени напред, при што целиот тој простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства. Во текот на истрагата е утврдено дека сторителот ги набавил нелегалните распрскувачки материи од Приштина и истите сакал противзаконски да ги внесе во Македонија, соопшти Царинската управа.







