Сторителот, македонски државјанин, како што велат, се обидел нелегално да ја внесе стоката, без да ја пријави кај надлежниот царински орган.
„Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое патувал, при што во куферот, меѓу личните предмети, биле пронајдени пет златни белегзии спакувани во кутии за накит“, соопштија од Царинската управа.






