Службата за мобилен скенер на граничен премин Богородица открила обид за криумчарење на мигранти, државјани на Сиера Леоне, Египет и Екваторска Гвинеја. Случајот е откриен при контрола на товарно возило со влекач со косовски регистарски таблички и приколка со македонски регистарски таблички. При извршен физички преглед се откриени пет мигранти.
Во соопштението се додава дека лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка






