недела, 25 мај 2025

Цариници ќе одговараат, не наплатиле царина на лекови

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.М., А.А. и Г.С. сите од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според МВР, на 24.07.2024 на граничниот премин Деве Баир, пријавените при вршење царински преглед над автобус ман со косовски регистарски ознаки за влез во државата, за дел од пронајдените стоки во багажниот простор изготвиле усни царински декларации за привремен увоз, а за останатите медикаменти кои се наоѓале во горниот дел од автобусот, иако ги забележале од видео надзорот и знаеле дека се забранети за увоз, ги пропуштиле без да ги евидентираат и да им наплатат увозни давачки, со што нанеле штета на Буџетот на РСМ, од 271.261 денари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ