четврток, 29 јануари 2026

Царината заплени тутунски производи во Струга, избегната акциза од 509.000 денари

Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета во акција спроведена од мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола на малопродажен објект во Струга, соопшти Царинската управа.

Објавено на

часот

Сподели

При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, 77 пури и 19 пакувања тутун за пушење, без акцизни маркички.

Со акцијата е спречен обид за нелегална трговија на акцизна стока, за која е избегнато плаќање акциза во износ од 509.000 денари. Против сторителите е поведена соодветна постапка.

Царинската управа продолжува со засилени контроли со цел спречување нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата и заштита на здравјето на граѓаните. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ