Како што информираат од Царинската управа, осомничениот е запрен за контрола од страна на мобилен царински тим во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничниот премин Табановце, при што се пронајдени 4.752 пакувања со никотински кесички и 48 пакувања со никотински кесички снус, кои содржат никотин и тутун. Стоката и возилото се запленети, а осомничениот е приведен на сослушување од страна на инспекторите за истраги.

„Во предистражната постапка е утврдено дека стоката требало да му биде предадена на лице за кое Царинската управа минатата година поднесе кривична пријава за прикривање стоки, кои се предмет на шверцување – цигари без акцизни маркички и царинска измама“, прецизираат од Царинската управа.
По целосното завршување на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело- шверцување.






