вторник, 23 декември 2025

Бугарка измамила тетовец за 3.000 евра

На 22 декември во 15 часот, 67-годишник од тетовско село пријавил во СВР Тетово дека бил измамен за сума од 3.000 евра од женско лице, кое се претставило дека е од Бугарија и со која контактирал на социјалните мрежи.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, на 20.12.2025 таа го известила дека сака да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна му се јавила и му кажала дека на граничен премин ѝ заплениле 10.000 евра. Како што е пријавено, подоцна му се јавило лице кое се претставило како командир на граничен премин и го известило дека таа треба да плати казна од 3.000 евра за да ѝ ги вратат парите. Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите преку брз трансфер на три различни агенции, како што му било кажано, не можел да ги добие на телефон, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ