„Министерството за внатрешни работи, Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај веднаш презеде соодветни оперативни мерки и активности по објавено видео на социјалните мрежи на кое се гледа лице кое управува патничко моторно возило со брзина од 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино, каде максимално дозволената брзина е 120 км/ч“, се вели во соопштението на МВР.
По преземените дејствија, лицето кое го управувало возилото било идентификувано, пронајдено и повикано во МВР. Во врска со настанот, лицето А.Д. (36) од село Елово, Скопско е санкциониран согласно законските одредби.
„Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зачувување на безбедноста на сите граѓани“, порачуваат од МВР.






