На 11 јануари, околу 21 часот во стан во кој престојувале, дошло до расправија помеѓу П.С. и неговата мајка М.С. (58) од Богданци, која преминала во физичка пресметка во која П.С. со остри предмети ѝ нанел убодни рани на М.С. во пределот на главата. Од здобиените повреди М.С. починала, а смртта е констатирана и од лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
Денеска во 7:05 часот, П.С. сам го пријавил делото во полициската канцеларија Богданци. Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија.
По наредба на обвинител телото на починатата е предадено на обдукција, а против сторителот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело „убиство“.






