На 04.10.2025 во 01:05 часот на ул. „Франклин Рузвелт“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(41) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Г. и по преземени мерки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта.
Истата вечер, во 01:30 часот на улицата „Ѓорче Петров” во Куманово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.К.(26) од Куманово. Кумановските полициски службеници сопреле патничко возило „ауди” кое го управувал А.К. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.77 промили алкохол во крвта.
На булеварот „Туристичка“ во Охрид, во 04:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.Е.(38) од Охрид. Тој е сопрен со патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и притоа, кај него констатирале 1,50 промили алкохол во крвта.
Половина час по полноќ, на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.А.(52) од Кичево, кој управувал патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, и притоа кај него констатирале 2,11 промили алкохол во крвта.
Во 03:30 часот на улица „Нада Бутникошарева“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес го лишија од слобода М.С.(29) од Велес. Тој управувал патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол од 1,86 промили во крвта.
Во Кавадарци, во 03:10 часот на ул. „Шишка“ приведен е Н.Ѓ.(23) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта.
Лицата се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.






