петок, 4 јули 2025

Битолчанка со нож се обидела да ги убие баба ѝ дедо ѝ

Битолчанка се обидела да ги убие сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола информира дека се издадени повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.

Објавено на

часот

Сподели

Осомничената, според Обвинителство, е лишена од слобода и се постапува за обезбедување докази.

„По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа на улицата „Солунска”, каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот“, информираат од ЈОРМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ