петок, 23 јануари 2026

Битолчанец ќе одговара, фалсификувал документи за да наплати 90.000 евра од РЕК Битола

СВР Битола до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола, поднесе кривична пријава против 46 годишниот М.Т. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување исправa и употреба на исправа со невистинита содржина.

Објавено на

часот

Сподели

Од СВР Битола информираа дека пријавениот, управител во приватна фирма од Новаци, во април и мај 2024 година, со пречекорување на границите на своите службени овластувања, а со намера да прибави противправна имотна корист, нанел штета од 5.453.7000 денари или 88.678 евра на РЕК Битола.

Во соопштението на СВР Битола се нагласува дека пријавениот извршил промена на две барања од РЕК Битола (рудник Суводол) до фирмата за набавка на ролни за јаглен за репарирање на лента за јаглен, на тој начин што извршил промена на количината, односно ги преправил првичните појдовни барања кои како документи биле изготвени и таквите фалсификувани барања ги употребил како доказ во правен сообраќај за набавка на гумени прстени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ