вторник, 24 февруари 2026

Битолчанец доби кривична пријава за убиство во обид врз неговите деца

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Објавено на

часот

Сподели

На 18 февруари во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка. Додека, на 19 февруари во Полициската станица Битола, додека со него се вршел службен разговор, оштетил дел од инвентарот и нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ