вторник, 17 март 2026

„Битка“ во Велешко меѓу шумски полицајци и дрвокрадци

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 17.40 часот ги лишиле од слобода С.З.(57), Б.З.(36), В.В.(18) и едно малолетно лице, сите од Велес, а постапувајќи по пријава од Ф.Ј.(54) вработен во Шумска полиција – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, на земјен пат од езерото Младост кон село Ветерско, Велешко, додека Ф.Ј. заедно со Б.К. и З.З. вршеле службени задачи како шумски полицајци,  ги затекнале лицата како вршат бесправна сеча на дрва по што биле физички нападнати. Притоа Б.З. користел и остар предмет и им нанел повреди на З.З. и Б.К., констатирани во болницата во Велес, додека В.В. се заканувал со вклучена моторна пила, како и С.З. и малолетното лице кои држеле дрвени предмети. Напаѓачите потоа заминале со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки. Лицата биле приведени, а С.З Б.З. и В.В. се задржани во полициска станица, додека возилото и предметите од нападот биле пронајдени и одземени. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ